Мурињо во елемент по лакрдијата со ВАР, легенда на Ливерпул бара негово укинување
Тотенхем во 97.минута остана без победата против Њукасл, а неговиот менаџер Жозе Мурињо не може да се помири со одлуката на судијата Питер Бенкс да досуди пенал по прегледувањето на спорниот момент.
Мурињо на својот профил на Инстаграм објави фотографија од времето кога го предводеше Интер на која напиша „10 години стара фотографија“ на која со рацете алудира на лисици кон судиите.
Но, иако досега Мурињо молчи, фудбалска Англија е на нозе, и против одлуката на судијата Бенкс и ВАР технологијата се огласија тренерот на Њукасл, Стив Брус, Џејми Карагер, Гери Линекер, Алан Ширер…
– Денеска имавме многу среќа, но сите ние треба да се запрашаме околу новите правила, кој ги носи и кој ги спроведува. Мислев дека ВАР е воведен да се грижи за очигледни работи. Ова е лудо, ќе ја уништи спекталукарноста на Премиер лигата. Доколку не внимаваме, ќе се зборува само за ВАР и одлуките кои се носат – изјави Брус.
Разочаран од ВАР е и поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, кој сега работи како аналитичар на натпреварите од Премиер лигата за Скај Спортс.
Tottenham versus Newcastle so what do you think is Jamie Carriger right pic.twitter.com/sb9C0IyWUc
— freddies granddad (@freddiesgrandd1) September 27, 2020
– Ова е апсолутно срамно. Ова е смејурија. Знам дека навивачите на Њукасл ќе бидат во екстаза, тоа го разбирам, но сите буквално сите во оваа земја мора да кажат тоа што јас го зборувам и мислам. Ерик Даер скока на топката, не може да ја контролира положбата на раката и потоа Керол кој е половина метар зад него го погодува токму во рака. Даер нема претстава што се случува позади него. Ова е смешки од пенал. Кој и да стои зад одлуката ваквите ситуации да се санкционираат со пенал, Англиската федерација, ФИФА, Пјерлуиџи Колина, или кој и да е – веднаш нека престане бидејќи ќе го уништи фудбалот – изјави револтираниот Карагер.