Мурињо удри по Гвардиола: Ова ме нервира

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Екипата на Ливерпул во големото дерби во Премиер лигата со 3:1 го совлада Манчестер сити и направи голем исчекор кон шампионската титула. „Црвените“ по 12 кола има 34 бодови од можни 36, но што е поважно му избега на Манчестер сити за девет бодови.

По поразот менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола се жалеше на судењето и ВАР-технологијата, тој смета дека неговиот тим е оштетен за дури два пенали. Гвардиола со однесувањето по натпреварот го налути Жозе Мурињо кој веднаш се јави со коментар.

– Мислам дека доволно зборувавме за судењето. Ова ме нервира. Што е доста, доста е. Натпреварот беше толку добар да е навистина штета за да се зборува за други работи. Манчестер сити е предобра екипа за една недела да плаче поради една спорна ситуацијата. Треба да се фокусираат на сопствената игра и да видат што можат да подобрат – рече Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот