Мурињо со порака до Клоп и Гвардиола: Никој не плачеше за нас!

Фото: EPA-EFE/Neil Hall/POOL

Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо им испрати порака до Јирген Клоп (Ливерпул) и Пеп Гвардиола (Манчестер сити) кои се најгласни поради многу напорниот ритам на натпреварите оваа сезона.

Да потсетиме, поради згуснатиот календар кој силно го диктираат пандемијата на коронавирусиот и ТВ-куќите, англиските клубови играат практично на секои три дена од август. Клоп неодамна стана најгласен за ваквиот проблем, редовно по мечевите, повикувајќи ги ТВ-станиците поради алчност за пари и барајќи да се врати правилото со пет замени. Гвардиола се согласи со неговиот германски колега.

Но, Мурињо истакна дека Клоп и Гвардиола не биле толку гласни кога неговиот Тотенхем одигра осум натпревари во рок од 18 дена на почетокот на оваа сезона.

EPA-EFE/Nigel Roddis

Мурињо: Не плачеа за нас!

– Во еден момент одигравме четири натпревари во една недела, тогаш не слушнав плачење или поддршка заради нас. Сега моите колеги се многу гласни за овој проблем – рече Мурињо пред дербито со Арсенал викендов.

Тотенхем влегува во одлична позиција на дербито против Арсенал со 21 бод од 10 кола. Тој го држи врвот на табелата и тоа му дава сигурност, тврди португалскиот стратег.

– Сега сме во многу добра позиција, затоа влегуваме во овој натпревар со поинаков менталитет. Ние сакаме бодови и не е само да одиме да победиме за да им дадеме на нашите навивачи добро чувство како минатата сезона. На крајот на сезоната игравме против Арсенал и тоа беше единствената мотивација затоа што немавме многу бодови. Не треба да заборавиме дека историските ривалства како ова имаат големо влијание врз навивачите – додаде Мурињо на прес-конференцијата пред натпреварот.

Тотенхем ќе го пречека Арсенал в недела од 17.30 часот. На табелата во Премиер лигата првото место го делат Тотенхем и Ливерпул со по 21 бод, два повеќе од третопласираниот Челси, а Арсенал е на 14 место со 13 бодови.

Македонецот на „Стемфорд Бриџ“: Алиоски не се плаши од Челси!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот