Мурињо со остри критики за ВАР технологијата

фото: твитер

Жозе Мурињо и Тотенхем во 2020 година доживеаја пораз на првиот натпревар против Саутемптон, а натпреварот го одбележа потегот на Португалецот. Имено, тој во второто полувреме дојде до клупата на Саутемптон и влезе во вербален конфликт со еден од асистентите на Ралф Хасенхутл. Денеска Мурињо си најде нова „жртва“.

– Судиите на теренот повеќе не се главни судии. Тие станаа помошници, а главните одлкуки ги носат судиите кои се наоѓаат во ВАР собата. Мислам дека ВАР технологијата треба да се преименува во видео судии. Прекршокот над Деле Али во шеснаесетникот на Саутемптон беше чист пенал, а ВАР воопшто не ја прегледа таа ситуација.

Подоцна го проверуваа стартот на голманот на Саутемптон над Деле Али во кој беше се чисто само за да се оправдаат за претходниот спорен момент кој не го прегледаа. Мислам дека примената на ВАР оди во погрешна насока – изјави Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот