Мурињо со новогодишна желба од 100 милиони евра!

Жозе Мурињо се врати како менаџер во Тотенхем кој сезонава игра доста променливо, а Португалецот ќе се обиде во на почетокот од 2020. година да потроши пари за повеќе од еден трансфер.

Како што пренесуваат британските медиуми, Мурињо ќе се обиде да ја освежи одбраната и средниот ред, а главна „мета“ во јануари ќе биде Калиду Кулибали.

Ќе се обиде да ја искористи лошата „атмосфера“ во Наполи и воедно го убеди Аурелио де Лаурентис да го продаде својот играч без кој одбраната на калчолигашот би била уште послаба.

Кулибали беше еден од водачите на италијанскиот клуб заедно со Алан, Инсиње и Мертенс во побуната и одбивањето да се вратат во карантин, по што скоро цел тим, вклучувајќи го и нашиот Елиф Елмас, беше казнет со откинување на дел од нивните плати.

После шпекулациите дека Тоби Алдервирелд и Јан Вертонген (во последната година од нивните договори) наредното лето ќе си одат како слободни играчи, Мурињо сака да одвои дури 100 милиони евра за услугите на Кулибали.

Исто така можно е португалскиот менаџер повторно да соработува со Маруан Фелаини, а најверојатно се откажува од планот да го ангажира Немања Матиќ кој се очекува да направи трансфер во Интер. На позицијата на Фелаини Тотенхем ги има Ерик Дајер, Муса Сисоко и Хари Винкс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот