Мурињо си најде ангажман, првата задача на „Олд Трафорд“ (ФОТО)

twitter.com/RedReveal

Мурињо, португалскиот „специјалист“ како што го нарекуваат има нов ангажман, односно ќе работи со тимот на „Скај Спортс“. Ќе ја има улогата на аналитичар или ако сакате стручен коментатор, а со оваа професија веќе се занимаваше шест месеци.

Мурињо се приклучи на експертскиот тим во кој се наоѓаат поранешни фудбалери од голем англиски клубови: Гери Невил, Џејми Карагер, Џејми Реднап и Греам Соунс.

И натаму чекаме со нетрпение кој клуб би го водел во иднина, дотогаш во „Скај Спортс“ веќе го чека една интересна задача со која ќе дебитира во работата и ќе ги анализира екипите.

Тој ќе биде главен аналитичар во дерби мечот од првото коло во Премиер лигата в недела од 17.30 часот на „Олд трафорд“ помеѓу Манчестер јунајтед и Челзи.

Поранешен менаџер и на двата клуба, па така не можеше да се пронајде подобар човек кој би можел да ги разбере подобро овие два гиганти.

Добро знаеме какви изјави имал Мурињо во минатото, па може во секој момент и да „распали“ по сите премиерлигаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот