Мурињо се враќа во Премиер лигата – Слободен печат
СпортФудбал

Мурињо се враќа во Премиер лигата

Само неколку часа откако Њукасл остана без тренер, започна лицитацијата за наследникот на Бенитез и неочекувано главен фаворит е Португалецот.

Рафаел Бенитез си замина од клупата на Њукасл, а медиумите експресно го пронајдоа неговиот наследник. Поранешниот менаџер на Челси и на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо е фаворит за тренерската позиција во Њукасл, пишува „Калчомеркато“.

Италијанците оваа информација ја лиферуваа бидејќи како помошник на Мурињо во англискиот премиерлигаш се споменува некогашниот дефанзивец на Интер од времето токму кога Португалецот беше тренер, Марко Матераци.

Мурињо му беше тренер на Матераци во Интер и заедно во 2010 година ја освоија Лигата на шампионите. Матераци не крие дека има одлични односи со Мурињо кој во 2008 година со една СМС порака го убеди да остане во Интер. Италијанецот исто така му се доверил на Мурињо дека сака да започне тренерска кариера, па токму поради оваа информација, „Калчомеркато“ објави дека тие веќе разговарале за евентуална соработка.

Њукасл освен што ќе го смени Рафаел Бенитез, во текот на летото ќе го промени и сопственикот, контроверзниот Мајк Ешли се очекува во најското време да ја финализира продбата на англискиот тим на шеикот Калед бин Зајед ал-Нахјану за сума од 350 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close