Мурињо пред три години во Скопје го водеше Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Португалскиот менаџер повторно е во нашиот главен град, а причина е настапот на неговиот клуб Тотенхем во рамките од третото квалификациско коло во Лига Европа против Шкендија.

Дуелот е денеска од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“, а победникот ќе игра во плеј-офот каде што ќе се соочи со Ростов или Макаби Хаифа.

Жозе Мурињо и пред три години, поточно на 8 август 2017 година беше во Скопје, но како менаџер на Манчестер јунајтед.

Тогаш, Португалецот беше дел од спектаклот на УЕФА Суперкупот кога „црвените ѓаволи“ загубија од Реал Мадрид (2:1) предводен од францускиот стратег Зинедин Зидан.

На тој натпревар „кралевите“ водеа со головите на Касемиро и Иско, а единствениот стрелец екипата од „Олд Трафорд“ беше Лукаку.

Вистински европски тест за Шкендија,  тетовските „црвено-црни“ сонуваат сензација против Тотенхем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот