Мурињо планира големи трансфери во Тотенхем!

фото:твитер

После заминувањето на Маурисио Покетино, Тотенхем веднаш ја промовираше замената за Аргентинецот, поточно славниот Жозе Мурињо кој ќе се обиде да ја врати екипата на победничките патеки.

– Што ветувам? Страст, вистинска страст. Страст за мојата работа, но и страст за мојот клуб, како што и ја поминав сета моја досегашна кариера. Сакам да им донесам среќа на сите кои го сакаат клубот – се зборовите на Мурињо.

Воедно тренерите Жоао Сакраменто и Нуно Сантош го напуштија Лил и ќе се приклучат на штабот Мурињо во Тотенхем, соопштија двата клуба.

Португалскиот стратег е карактеристичен по неговиот индивидуален стил, не помина еден ден од неговото назначување, а веќе според британските медиуми планира да донесе големи засилувања во лондонскиот тим.

Се шпекулира дека три имиња би можеле да го облечат дресот на Тотенхем, тие се Герет Бејл, Пауло Дибала и Бруно Фернандеш.

Крилото на Реал Мадрид, Бејл сезонава не е целосно во плановите на „кралскиот“ клуб и Зинедин Зидан, иако многу често се говори за негово заминување и дека не е во најдобро односи со францускиот тренер.

Тоа би било враќање во Премиер лигата, бидејќи во периодот од 2007 до 2013 година веќе ги бранеше боите на Тотенхем (146 натпревари, 42 голови) пред да се пресели во Реал.

Но, Мурињо за услугите на Бејл има конкуренција од својот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

Освен за велшкиот интернационалец, Португалецот ја следи и ситуацијата со напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала и фудбалерот од средниот ред на Спортинг, Бруно Фернандеш.

Освен тие, според светските обложувалници добри шанси за трансфер на „Олд Трафорд“ имаат уште Златан Ибрахимовиќ кој во изминатиот период ја заврши американската турнеја, потоа Немања Матиќ, како и новото светско „чудо“, Ерлинг Браут Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот