Мурињо немаше трпение и веднаш ја напушти прес конференцијата! (ВИДЕО)

фото: твитер

Тотенхем на Жозе Мурињо не блеска во последно време, во четвртокот едвај извлече бод (0:0) на гостувањето против очајниот Борнмут оваа сезона.

На четири кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Тотенхем е на деветтото место со 49 бодови и останува само теорија да ги престигне Лестер (59) и Челси (60) кои моментно се на четвртата, односно петтата позиција, места кои водат директно во групите на ЛШ следната сезона.

Доколку триумфираат на сите натпревари до крај, реално е да се борат за место во Лига Европа, а ќе зависат и резултатите од другите мечеви, но можно е на крајот дури да останат без учество на меѓународната сцена.

Португалскиот менаџер Мурињо е свесен за ситуацијата, не очекуваше ваков пад на неговите играчи и не е среќен поради тоа, а незадоволството, во свој стил, го покажа и на прес конференцијата после ремито.

Немаше трпение и ја напушти конференциската сала. Или имаше некакви технички проблеми што дополнително го налути Португалецот или едноставно беше начин да ги спречи новинарските критики, свесен дека нема алиби за лошите игри на неговиот тим.

Здраво Жозе, можеш ли да ме чуеш? – праша еден од новинарите (кои поради пандемијата не присуствуваат на конференцијата), Мурињо одговори кратко: „Не“ и ја напушти прес конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот