Мурињо нема да троши многу во летниот преоден рок

принтскрин/youtube

Португалскиот менаџер на Тотенхем очекува да бидат пополнети две или три позиции во неговиот состав…

Менаџерот на Тотенхем ја отфрли можноста дека неговиот клуб ќе ангажира звучно име во претстојниот преоден рок.

И Жозе Мурињо е запознат со информациите дека неговата поранешна екипа Челси го договори Тимо Вернер, а беа обезбедени и услугите на Хаким Зијеш.

Имаме примери дека клубовите веќе прават важни потези, а до крајот на сезоната останаа уште девет кола. Не очекувам Тотенхем да потроши многу. Знаеме дека нема да бидеме во „иста лига“, во „ист свет“ како и клубовите кои функционираат поразлично од нас. Но, очекувам да направиме нешто на трансфер пазарот, да пополниме две или три позиции и на тој начин бидеме подобри колку што можеме – рече португалскиот менаџер.

Моментно лондонскиот клуб е на осмата позиција во Премиер лигата со 41 бод, седум помалку од местата кои водат во Лигата на шампионите.

После паузата поради пандемијата на Ковид-19, играчите на Мурињо ќе го имаат првиот дуел денеска од 21.15 часот на домашен терен против Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот