Мурињо: Не ја сакам Лигата на Европа, но два пати ја освоив

Жозе Мурињо / Фото: EPA-EFE/GLYN KIRK

Менаџерот на Тотенхем има поголеми амбиции од настап во второто по квалитет европско натпрварување.

Тотенхем во вчерашното лондонско дерби го совлада Арсенал со 2:1 и остана во трка за освојување на позициите кои носат во Лигата на Европа. Тотенхем моментно е на осмата позиција на табелата со 52. бода, Арсенал е деветти со 50 бода, а местото кое носи во ЛЕ им „бега“ само три бода.

– Лигата на Европа не е натпреварување кое го сакам, но кога не може да играте во Лигата на шампионите тогаш ќе играте таму. Во кариерата два пати имам играно во ЛЕ и два пати ја освоив, така што нема да биде лоши и по трет пат да дојдам до тој трофеј. Но, мора да бидам поамбициозен. Не сакам да гледам на работите само како навивач и да бидам задоволен бидејќи сум го победил Арсенал – вели Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот