Мурињо на пенали го елиминира „ученикот“ Лампард од Лига купот

Фудбалерите на Тотенхем по подобро изведување на пенали го совладаа Челси во осминафиналето од англискиот Лига куп.

Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1, а Тотенхем во пенал серијата победи со 5:4.

Клучниот пенал во петтата серија не го реализира Мејсон Маунт, односно голманот на Тотенхем, Уго Лорис го одбрани неговиот удар.
Екипата на Челси во 19. минута поведе со одличниот гол на Тимо Вернер кој шутираше од 16-тина метри. Ова беше дебитантски гол за Вернер во дресот на Челси.

„Сините“ предноста ја одржуваа се до 83. минута кога Ерик Ламела ја искористи асистенцијата на дебитантот во Тотенхем, Серхио Регулион и израмни на 1:1.

Во пенал рулетот, фудбалерите на двете екипи беа прецизни во првите четири серии, по што во петтата Лорис го одбрани ударот на Маунт, додека на спротивната страна прецизен беше Хари Кејн.

Прочитајте и...  Меси: Дуелите со Кристијано се посебни, се надевам дека ќе се опорави до среда!

Поврзани вести

Меси: Дуелите со Кристијано се посебни, се надевам дека ќе се опорави до среда!

Слободен печат

Ѓоковиќ: Сакам да бидам историски број 1

Слободен печат

Ништо од пресметката меѓу Меси и Роналдо, Португалецот сè уште е позитивен на корона

Слободен печат

КФСМ одлучи сезоната да започне на 31. октомври

Слободен печат

Познат наследникот на Зидан во случај на отказ, тоа е една од најголемите легенди на Реал

Слободен печат

Вардарци одат на втора победа во ЛШ против незгодниот Порто

Слободен печат

Остави Коментар