Мурињо му направи услуга на Ливерпул: Тотенхем подобар од Сити (ВИДЕО)

twitter/Tottenham Hotspur

Во дербито на 25. коло на Премиер лигата, Тотенхем со 2:0 го совлада Манчестер сити.

Жозе Мурињо уште еднаш го направи тоа во што е меѓу најдобрите, да го совлада фаворизираниот противник кога највеќе е потребно. Тотенхем до победата дојде во второто полувреме кога за осум минути постигнаа два гола и ги решија дилемите околу победникот.

Зимското засилување Стивен Бергвајн во дебитантскиот настап во дресот на Тотенхем успеа да постигне гол, тој го отвори резултатот во 63. минута, а победата и трите бодови ги обезбеди Сон во 71. минута.


Работата на Тотенхем му ја олесни Олександр Зинченко кој беше исклучен во 60. минута.  Резултатот можеше да биде поинаков доколку Илкај Гундоган во првото полувреме го реализираше пеналот.

Со победата Тотенхем се искачи на петтото место на табелата и дојде на само четири бодови од Челси, а истовремено му направи голема услуга на Ливерпул кој од ден во ден е се поблизу до титулата. „Црвените“ сега имаат 73 бодови, дури 22 повеќе од второпласираниот Манчестер сити на 13 кола до крајот на сезоната.

Во првиот натпревар денеска, Арсенал продолжи со ремијата, овој пат одигра без голови на гостувањето кај Барнли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот