Мурињо: Можев да имам повеќе титули од Гвардиола

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Жозе Мурињо, кој во декември минатата година доби отказ од Манчестер јунајтед повторно е убеден дека ќе освоеше повеќе трофеи од менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, доколку останеше подолго како тренер на Порто, Реал Мадрид, Интер, Челси. Гвардиола кој минатата недела триумфира во Премиер лигата, дојде до бројката од 26 титули, додека Мурињо е веднаш зад него со 25 освоени трофеи.

– Бројката од 25 освоени трофеи доволно кажува за мене како тренер. Доколку останев во Порто и Интер по освојувањето на Лигата на шампиони и играв во Европскиот Супер куп, националните супер купови и Светското клупско првенство, ќе можев да освојам дури 31 трофеј. Но, не ме интересираат бројките – изјави Мурињо во интервју за „Л’Екип“.

Португалецот објасни зашто не е можно да седне на клупата на францускиот шампион ПСЖ кој никако не може да направи успех во Лигата на шампионите.
– Невозможно е да бидам тренер на екипа која веќе има тренер. ПСЖ се наоѓа во фаза во која доминира во домашниот шампионат но во Европа не успева да направи успех. Истото е и со Баерн Минхен и Јувентус – објаснува Мурињо.

Португалецот на свој начин го прокоментира и успехот на Маурицио Покетино и Јирген Клоп, чии екипи, Тотенхем и Ливерпул ќе играат во финалето на Лигата на шампионите.
– Ја почитувам работата на Покетино и на Јирген, и двајцата заслужија да се најдат во финалето на ЛШ, но за нивна жал, само еден ќе се радува. Јирген трета година по ред ќе игра во европско финале и не можам да замислам како би се чувствувал доколку и трета година по ред загуби. Што освои Покетино во тренерската кариера за да биде споредуван со мене? – изјави Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот