Мурињо конечно го донесе првото засилување во Тотенхем

твитер

Англискиот тим и официјално ја заврши целата работа околу позајмицата на Жедсон Фернандеш од Бенфика.

Португалецот во текот на вчерашниот ден ги помина лекарските прегледи во Тотенхем, а денеска се договорени сите детали околу позајмицата на 18 месеци.

Иако сè уште нема потврда од Тотенхем или од Бенфика, англиските медиуми објавија дека постои и клаузула за откуп на договорот на Португалецот по истекот на позајмицата и тој трансфер би вредел 56 милиони фунти.


Откупната клаузула на Жедсон Фернандеш изнесува 102 милиони фунти, но на инсистирање на тренерот на Бенфика, Бруно Лаге, таа е намалена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот