Мурињо: Јас никогаш не губам, или победувам или учам – Слободен печат
СпортФудбал

Мурињо: Јас никогаш не губам, или победувам или учам

о дербито на 15. коло, Тотенхем му гостува на Манчестер јунајтед, а ова ќе биде прво враќање на „Олд трафорд“ на Мурињо како тренер по минатогодинешниот отказ.

Жозе Мурињо по преземањето на Тоетнхем ја прероди екипата, триумфира на трите натпревари и ги врати насмевките и кај навивачите и кај фудбалерите. Утревечер Мурињо за прв пат се враќа на „Олд трафорд“ по отказот кој го доби минатиот декември.

Во дербито на 15. коло, Тотенхем му гостува на Манчестер јунајтед и ќе се обиде да ја продолжи кризата која владее на „Олд трафорд“.

– Манчестер јунајтед за мене е завршена приказна. Ми беше убаво таму, а уживав и откако добив отказ. Не ме интересира Јунајтед, него го анализирам само како иден противник и како да го победиме. Како тие можат да не победат? Само тоа е важно за мене.

Одлично се чувствувам пред враќањето на „Олд трафорд“ на кој бев прекрасно дочекан кога дојдов како коментатор – вели Мурињо кој имаше интересен одговор на прашањето за времето поминато во Јунајтед:

– Јас никогаш не губам. Или победувам или учам. Во Јунајтед победував и учев и извлеков големо искуство од времето поминато таму. Но, сега тоа е зад мене.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close