Мурињо: Ѓоковиќ ова често го прави, а нам ни е тешко да направиме таков резултат!

Фото: Твитер

Жозе Мурињо ја забележа една од најголемите победи во неговата тренерска кариера. Со Тотенхем вчера славеше со резултат 1:6 против својот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

Менаџерот на Тотенхем после натпреварот на „Олд Трафорд“ триумфот го спореди со победите на моментно најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

– Новак ова често го прави, а нам не ни е лесно да постигнеме ваков резултат. Против клуб каков што е Манчестер јунајтед се случува еднаш во животот, еднаш во кариерата – рече Мурињо кој е исто така фан на српскиот тениски ас.

Португалскиот стратег беше свесен дека неговата екипа имаше еден играч повеќе на теренот..

– Знам дека многумина ќе кажат дека долг период имавме играч повеќе, но долго игравме и 11 на 11. Водевме со 2:1, во целост го контролиравме мечот и создававме шанси. Минатата сезона имавме многу проблеми и реков дека не можеме подобро од пласман во Лига Европа. Оваа сезона ангажиравме одлични фудбалери и предизвик ни е да славиме на секој меч. Ниту на дуелот со Јунајтед не дојдовме по реми. Нема секогаш да бидеме успешни, но на секој натпревар сакаме да победиме – додаде Мурињо.

Тотенхем моментно во Премиер лигата после четири кола е на шестата позиција со седум бодови, пет помалку од водечкиот Евертон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот