Мурињо го „препороди“ Тотенхем, но се соочува со проблеми!?

принтскрин/youtube

Жозе Мурињо го „препороди“ тимот на Тотенхем со три победи по ред од неговото доаѓање, но ќе мора да се помири најверојатно со податокот што ќе „загуби“ еден многу добар играч.

Британскиот „Телеграф“ информира дека наредната година Кристиан Ериксен ќе го напушти клубот со кој има важечки договор до 30. јуни 2020 година.

Шпанскиот „Диарио АС“ тврди дека Спарси му понудиле нов договор со подобри примања, но Данецот сеуште не прифатил ништо и размислува да направи трансфер.

Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ објавија дека италијанскиот шампион е подготвен да бие битка со челниците од Мадрид за услугите на Ериксен.

Во изминатиот период имаше низа „шпекулации“ од „Марка“ и „Диарио АС“ дека Реал ќе потпише со данскиот интернационалец оваа зима. „Кралевите“ не беа во можност во 2018 год. да го ангажираат поради тогашната вредност од 150 милиони евра, но минатото лето таа се спушти под 70 поради неговата ситуација со договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот