Мурињо го понижи Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Carl Recine/POOL

Иако требаше да биде дерби на колото во Премиер лигата, истото денеска тоа не го оправдаа екипите на Манчестер јунајтед и Тотенхем. Да, мечот беше исполнет со дури седум голови, но играчите на Жозе Мурињо триумфираа со дури 1:6.

„Црвените ѓаволи“ поведоа уште од втората минута, прекршок во казнетиот простор направи Санчез, а сигурен реализатор од белата точка беше Фернандеш.

Радоста на домаќините не траеше долго, бидејќи 120 секунди подоцна дојде израмнувањето, одбраната не реагираше најдобро, топката дојде до Ндомбеле кој стрелаше од непосредна близина во мрежата на Де Геа.

Во седмата минута Тотенхем брзо изведе еден фаул, Кејн веднаш го пронајде Хјунг-мин кој исто така експресно реагираше за позитива на неговата екипа.

Во 28 минута можеби се случи и клучниот момент за денешниот висок пораз на Јунајтед, црвен картон поради удирање во лицето на Ламела, доби Марсијал.

Ваквата предност и од играч повеќе на теренот целосно ја искористија за реализација на нов бран на голови.

Половина час игра на „Олд Трафорд“, веќе го видовме и четвртиот гол, повторно на сцена Кејн и Хјунг-мин, овојпат англискиот репрезентативец имаше погодок за 1:3.

Јужнокореецот својот втор гол го имаше во 37 минута, а асистентот на тој гол Орие се погрижи и за 1:5 во 51 минута од средбата.

Целосниот „потоп“ на Манчестер јунајтед беше заокружен во 79 минута, Погба направи фаул во казнетиот простор, а од пенал прецизен беше Кејн.

За Тотенхем ова е втора победа сезонава и моментно е на петтата позиција од четири натпревари со седум бода, а составот на Солскјер кој има три меча после вториот пораз е дури на 16 место со три бода.

Од 20.15 часот ќе играат Астон Вила-Ливерпул, а претходно завршија мечевите: Лестер-Вест Хем 0:3, Саутемптон-Вест Бромвич 2:0, Арсенал-Шефилд јунајтед 2:1 и Вулверхемптон-Фулам 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот