Мурињо: Го почувствуваме стравот од Шкендија, замените ја направија разликата!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Португалскиот менаџер на Тотенхем задоволен што неговиот клуб се пласираше во плеј-офот на Лига Европа каде што ќе ги одмери силите против израелскиот состав на Макаби Хаифа.

Жозе Мурињо откако пред три години беше неуспешен со Манчестер јунајтед во УЕФА Суперкупот, вечерва го напушта Скопје победнички откако неговата со 1:3 славеше против Шкендија во третото квалификациско коло на ЛЕ.

После израмнувачкиот гол на 1:1, четири-пет минути подоцна Мурињо направи две замени, шанса за настап добија Кејн и Ло Селсо, а во 65 минута Лукас го замени Бергвајн.

Токму Лукас и Кејн многу подобро ја раздвижија играта на Тотенхем, а тоа се резултираше со два голови во мрежата на Захов.

– Во првото полувреме 41 минута бевме без реализација и тогаш му дадовме повеќе простор за игра на противникот. Во второто полувреме замените кои ги направив ја направија разликата, донесоа поразличен интензитет.

Стартувавме многу силно и помисливме дека голот на Ламела ќе ја скрши играта, но не беше така. Шкендија ни даде поразличен меч и го почувствувавме стравот кога израмнија домаќините. Беше фундаментално да реагираме и потоа беше тешко за противникот да ги спречи нашите напади. Не игравме одлично, но ја завршивме задачата – се зборовите на менаџерот на Тотенхем, Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот