Мурињо го одби Њукасл: Тоа не е за мене! - Слободен печат
СпортФудбал

Мурињо го одби Њукасл: Тоа не е за мене!

Жозе Мурињо со скептицизам гледа на клубовите кои се борат за место во средината на табелата во најсилната англиска фудбалска Премиер лига.

Од претходно се шпекулираше дека португалскиот менаџер Мурињо е еден од кандидатите за клупата на Њукасл.

Ваквите гласини започнаа веднаш да се објавуваат после заминувањето на досегашниот стратег на Њукасл.

– Би сакал да работам во проект каде што ќе има чувство дека играме за да победиме. Да, можете да ми понудите договор за 10 години и да ја поставите задачата да го освоиме седмото или осмото место, но ова не е за мене. Мојата цел е да се борам за врвот – се зборовите на Мурињо.

Тој е без тренерски ангажман од декември минатата година кога доби отказ од Манчестер јунајтед.

Претходно славниот тренер ги водеше уште екипите на Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто, Леира и Бенфика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close