Мурињо го избра најдобриот играч на сите времиња: Неговиот талент беше неверојатен!

фото: твитер

Според португалскиот стратег тоа е всушност Роналдо, но не португалскиот, туку бразилскиот кој во својата кариера ги бранеше боите на Барселона, Интер, Реал Мадрид…

Менаџерот на Тотенхем го избра бразилскиот Роналдо за најдобар играч на сите времиња, велејќи дека никогаш не видел играч со толку многу способност и талент.

Жозе Мурињо беше запрашан кој е најдобриот фудбалер на сите времиња – Лионел Меси или Кристијано Роналдо, тој даде малку поинаков одговор.

Според португалскиот стратег тоа е всушност Роналдо, но не португалскиот, туку бразилскиот кој во својата кариера ги бранеше боите на Барселона, Интер, Реал Мадрид…

Најдобар фудбалер во историјата е Роналдо, бразилскиот „Ел Феномено“. Меси и Кристијано имаат подолга кариера и се на врвот 15 години, но кога зборуваме за за талент и способност, никој не може да го надмине Роналдо – рече Мурињо, а потоа додаде:

Кога го видов Роналдо во Барселона, сфатив дека тој е најдобриот играч што сум го видел на теренот. За жал, повредите ја забавија неговата кариера, но талентот што го имаше во тоа време како 19-годишник беше навистина неверојатен.

Мурињо соработуваше со Роналдо во сезоната 1996/1997 во Барселона додека работеше како преведувач за Боби Робсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот