Мурињо е „виновен“ што Сити ќе ја освои Премиер лигата!?

Фото: EPA-EFE/Nigel Roddis

Сè започна со тој пораз од Тотенхем, Жозе Мурињо го победи Гвардиола и славеше со резултат 2:0, на 21 ноември пред точно три месеци.

Комплетно се промени Гвардиола после тој пораз, како и Манчестер сити, од тој момент екипата започна да го игра можеби најдобриот фудбал од доаѓањето на Шпанецот.

Потоа започнува шоуто – 27 натпревари, 24 победи (20 по ред кои сè уште траат), 19 пати зачувана мрежа и само осум примени голови.

Во ноември сите ги „отпишаа граѓаните“ во трката за титулата сезонава, а сега сите други се надвор од истата, бидејќи клубот од Етихад има дури 13 бода повеќе од градскиот ривал Манчестер јунајтед и Лестер, кои имаат еден натпревар помалку. Интересно, по поразот од Тотенхем, Сити заостануваше четири бода зад Ливерпул, сега има 22 повеќе од „црвените“.

Што се однесува до другите натпреварувања, во Лигата на шампионите, Сити го победи Менхенгладбах на првиот дуел со резултат 2:0 и со една нога е во четвртфиналето. Во ФА купот, Сити е домаќин на Евертон, исто така во четвртфиналето, додека на 25 април го игра финалето во Лига купот, токму против Тотенхем на Мурињо.

Сити е во игра на сите четири фронта и се чини дека ова е година кога ќе ги нападнат сите трофеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот