Мурињо: Али не е лут на мене, го заменив и тимот се подобри! (ВИДЕО)

фото: твитер

Репрезентативецот на Англија беше свесен дека Тотенхем моментно нема напаѓачи, силно посакуваше добар резултат против Лајпциг, но безуспешно.

Лајпциг беше поуспешен од Тотенхем во Лондон со 0:1. Мечот го реши Вернер со голот од пенал постигнат во 58. минута.

Иако Тотенхем како лански полуфиналист се одвојува како „фаворит“ во овој двомеч, првите 90 минути тоа не се покажува на теренот, па германскиот клуб направи голем исчекор кон четвртфиналето во фудбалската Лига на шампиони.

Менаџерот на лондонскиот клуб, Жозе Мурињо, има големи проблеми со составот, бидејќи моментно нема класични напаѓачи.

Првиот стрелец Хари Кејн поради повреда ќе биде „аут“ до крајот на сезоната, а неодамна се повреди и Хјунг-Мин Сон кој се очекува во април барем според првите најави.

На дуелот против Лајпциг Лукас беше најистурен во офанзивниот дел, но тој воглавно игра како крило, па мораа да помагаат оние од средниот ред, но на крајот немаше никаков ефект.

Деле Али е исто така фудбалер од средниот ред и знае да придонесе со голови, но вчерашните перформанси против бундеслигашот беа за заборав.

Беше заменет, крајно несреќен почна да фрла сè наоколу, а малку недостасуваше со една од копачките да удри соиграч во главата.

– Мислам дека тој беше лут на своите перформанси, не на мене. Мислам дека разбира зошто го заменив и тимот се подобри – рече Мурињо после мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот