Мурињо става сол на раната на Англичаните: Знам кој не сакаше да шутира пенал во финалето

Португалецот Жозе Мурињо има сериозни амбиции со римската „волчица“/Фото:EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Не е лесно да се биде Англичанец овие денови, нивната репрезентација не успеа фудбалот да го „врати дома“, загуби во финалето на Евро 2020 од Италија и тоа во пенал рулетот, а сега солна раните става и Жозе Мурињо кој за време на континенталниот собир работеше како стручен консултант за „ТокСпорт“.
Мурињо кој летово седна на клупата на Рома, тврди дека точно знае кој англиски фудбалер не сакал да шутира пенал во финалето против Италија.

– Знам што се случуваше на теренот. Играч кој требаше да шутира, избега од одговорноста. Нема да ви го кажам неговото име, но дознав дека еден фудбалер одбил да шутира од белата точка – изјави Мурињо, по што сепак спомена некои играчи, но не откри дали меѓу нив е и тој што не сакал да биде меѓу изведувачите на пеналите.

– Во вакви ситуации не е важно дали сте добар изведувач на пенали или не. Каде беше Стерлинг? Стоунс? Шо? Премногу е за Сака да ја има судбината на целата нација на својот грб. Навистина ми е жал за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот