Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Мурињо пристигна во Мадрид за да потпише договор со Реал Мадрид

Претседателот на шпанскиот фудбалски клуб, Реал Мадрид, Флорентино Перез почна да ги исполнува ветувањата дадени во предизборната кампања.

Португалскиот тренер Жозе Мурињо пристигна во Мадрид за да потпише договор со Реал, кој ќе треба да ѝ плати на Бенфика надомест од 15 милиони евра.

Познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо истакнува дека соработката е договорена за период од три години.

Мурињо претходно во својот прв мандат како тренер на Реал, ги освои по еднаш Ла Лига, Копа дел Реј и шпанскиоот Суперкуп.

Сега подготвен повторно да ја преземе тренерската функција, Португалецот ќе се обиде да го врати клубот на вистинскиот пат, по две сезони без трофеј по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот