Мургоска-Станимировиќ: Благ пораст на новозаразени, „британскиот сој” не е за паника туку за придржување на мерките

epa08764781 Two ambulances carrying patients infected with COVID-19 arrive at the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, Republic of North Macedonia, 22 October 2020.The autumn wave of COVID-19 filled up hospitals in North Macedonia. The last available beds in the country are in an assembly hospital next to the clinic for infectology which is rapidly filling up. The minister of health Venko Filipce said that if these last capacities are filled, there are no other measures left but setting police curfew and total lock down. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Зголемен е бројот на тестирања и позитивни случаи во Прилеп, но не се очекува нов пик. Причини се „британскиот сој” на вирусот што брзо се шири, но и непочитувањето на мерките и групирањата на граѓаните. Нема место за паника, констатираат од прилепскиот Центар за јавно здравје. Се контролираат кластерите. Има фамилијарни, но не и во работните средини.

Според епидемиологот од Центарот за јавно здравје, Тања Мургоска Станимировиќ, новиот „британски сој” на вирусот застапен кај десет регистрирани пациенти е предупредување за почитување на мерките, ама симптомите се исти. Тројцата хоспитализирани пациенти се со средна клиничка слика. Нема податоци дека заболените патувале во странство, туку инфекцијата е од земјава.

-Од крајот на декември бележевме тренд на намалување на позитивни случаи. Ако во декември имавме регистрирано 1158 заболени, во јануари бројот беше 322-ца заболени, а досега во февруари се 112 новозаболени. Последнава недела бележиме пораст на тестирањата, бројот на лицата кои бараат, закажуваат тестирање и напоредно, бројот на позитивните резултати. Последниве неколку дена повторно регистрираме двоцифрени бројки, вчера 31, а денеска бројот ќе биде околу 30, со што има неколку случаи во Крушево и Македонски Брод. Појавата на новиот „британски сој” на коронавирусот не треба да биде причина за паника и за загриженост.  Се знае дека вирусот побрзо се шири, но нема научни докази дека е поопасен од претходните негови варијанти, односно соеви, додава Станимировиќ. 

Таа појаснува дека тројцата хоспитализирани од 10-те регистрирани од „британскиот сој” не се со тешка, туку со средна клиничка слика.

 Од епидемиолошките анкети кои ги добиваме, присутни се истите симптоми. Зголемувањето на позитивните случаи секако дека делумно се должи и на побрзото ширење на новиот сој на вирусот, а другото се должи на непочитувањето на мерките, зашто од епидемиолошките податоци што ги добиваме, новозаразените се инфицирани по семејни средби, прослави. И сами сме сведоци на нивното однесување во угостителските објекти. Во моментов може да ги следиме кластерите, фамилијарни се, се уште нема во работните организациии каде се применувата мерките, објаснува Станимировиќ.

Во земјава,  со испитувањата на МАНУ, се утврдени 20 мутации на вирусот. Последната мутација е британската. Според Мургоска Станимировиќ, колективен имунитет може да се стекне со вакцината и со строго придржување на заштитните мерки.

Инаку, од преку 4 675 случаи во Прилеп од почетокот на пандемијата се регистрирани само четири случаи на реинфицираност со вирусот. Сето зависи од индивидуалниот имунитет.

-Иако е мала бројката, сепак, велиме дека сите, и тие што прележале, мора и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита. Се уште не се знае колку трае тој стекнат имунитет, но со текот на времето тој се намалува. Случаите на реинфицирање се јавувата по најмалку три месеца, но сето зависи од индивидуалниот имунитет, вели Мургоска Станимировиќ.

Во Прилеп сега се активни 179 случаи, 22-ца се хоспитализирани. Од почетокот на пандемијата починале 240 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот