Мурати: Универзитетите даваат поддршка за подигнувањето на свеста на граѓаните и развојот на човековите права

Универзитетите се местата каде се дава придонес за развојот на човековите права, а таков пример имаме и тука на Универзитетот во Тетово, порача претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати од пригодната трибина по повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември што се одржа на државниот Тетовски универзитет.

-Треба да се радуваат граѓаните за слободите и правата. Уставот на државата ги гарантира слободите и првата како темелни вредности на уставниот поредок. По тој повод ми претставува особена чест и задоволство да бидам на Тетовскиот универзитет. Сите наши универзитети меѓу нив и Тетовскиот универзитет даваат поддршка за развојот и воздигнувањето на свеста на граѓаните за остварувањето на сопствените најосновни човекови права, истакна Сали Мурати.

Покрај претседателот на Уставниот суд, на трибината учествуваа потпретседателот на судскиот совет Милазим Мустафа и претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.

– Денес се одбележуваат 71 година од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, акт усвоен од Генералното собрание на Обединетите нации на 10 декември 1948 година, во Париз, изјави, Ќебир Авзиу, декан на Правниот факултет.

На трибината студентите на Правниот факултет имаа можност да поставуваат прашања и да разговараат на теми со претставниците на судовите и професорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот