Мурали на новиот скејт парк во Крива Паланка

Уредувањето на скејт паркот е дел од проектот на општина Крива Паланка „Подобра спортска инфраструктура, подобро здравје за сите”

Новиот скејт парк во Крива Паланка е разубавен и исцртан со мурали на иницијатива на Советот на млади при општината, со што сите млади од градот добија уште една модерна и урбана локација за дружење и рекреација.

– Оваа иницијатива потекнува од членовите на Советот на млади, со поддршка на локалната самоуправа, а ја уредивме и и дадовме нов урбан лик благодарение на соработката со четири млади уметници од Скопје. Станува збор за Андреј Митевски, Александар Наумовски, Љубиша Камењаров и Ѓорѓе Јовановиќ, кои му дадоа живост и уникатен белег на просторот, изјави Александар Величковски, претседател на Советот на млади на Општина Крива Паланка.

На муралите се насликани скејтери, велосипедисти, млади спортисти.

– Декоративни и инспиративни се насликаните мотиви, презентирајќи ги идеите за слободарскиот дух на младите, нивниот однос кон животот и природата, зашто тие се движечка сила на општеството. Воедно, Јовановиќ својот мурал го посвети на нашата актерска величина, кривопаланчанка по потекло, Милица Стојанова, додаде Величковски.

Уредувањето на скејт паркот е дел од проектот на општина Крива Паланка „Подобра спортска инфраструктура, подобро здравје за сите” со кој се уредени повеќе спортско-рекреативни содржини во градот. Проектот е финансиран од Амбасадата на Република Бугарија во земјава, а се реализира со средства во висина од 73 илјади евра.

Со овој проект беше изградена атлетска патека на градскиот стадион во Крива Паланка, во завршна фаза е и уредувањето на мини голф теренот на спортскиот комплекс во општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот