Мундобаскет: Литванците ја „дотолчија“ Канада!

fiba.basketball

Во дербито на второто коло од групата Х на Светското првенство во Кина, Литванците денеска лесно и убедливо ја совладаа Канада со 92:69.

Валанчиунас и Улановас со по 13 поени беа најефикасни во победничките редови, а во поразените се истакна Кајл Вилџер со 24 поени.

Расположените Литванците уште во првата четвртија ставија до знаење дека немаат да бараат нивните ривали на оваа средба. Тој дел од дуелот го добија со 24:14 и до крајот на средбата го држеа противникот на доволна дистанца, а разликата постепено растеше.

Претходно, во истата група Австралија рутински до нови бодови стигна против Сенегал (81:68).

Табела, група Х, после две кола:

1.Литванија 2-0
2.Австралија 2-0
3.Канада 0-2
4.Сенегал 0-2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот