„Мундо“: Планот на Барселона за трансфери во 2020 година! - Слободен печат

„Мундо“: Планот на Барселона за трансфери во 2020 година!

„Мундо Депортиво“, каталонскиот весник кој ги следи скоро сите случувања поврзани за Барселона, тврди дека е познат планот на каталонскиот гигант што се однесува до купувањето нови играчи во наредната 2020 година.

Барселона посакува нов десен бек каде после Нелсон Семедо нема еднакво квалитетна опција. Џошуа Кимих (Баерн Минхен) или Лукас Клостерман од Лајпциг се главни желби на Барселона на таа позиција.

После тоа целта е да се ангажира нов дефанзивец, Жерар Пике наскоро ќе наполи 33 години, полека влегува во ветеранските фудбалски години, па клубот веќе е во потрага по негова замена во иднина, а ја гледаат во Андреас Кристенсен (Челзи) или Никола Миленковиќ од Фиорентина.

twitter/UEFA2020

На крајот, Барса ќе тргне и по нов напаѓач, бидејќи е одлучна да пронајде долгорочна замена за Луис Суарез кој исто како Пике ќе наполи 33 години. Уругваецот со 185 голови се промовираше како голгетерска легенда на Барселона.

Прочитајте и...  Тим последен полуфиналист, подобар од Надал во четири сета

На таа позиција каталонскиот клуб гледа три можни опции, тие се Хари Кејн од Тотенхем, Маркус Решфорд од Манчестер јунајтед и Лаутаро Мартинез од Интер.

Кејн е најквалитетниот од сите (според „Трансфермаркт“ вреди 150 милиони евра), а Решфорд (80 милиони евра) и Мартинез (40 милиони евра) се помлади имаат 21, односно 22 години и би можеле да бидат поисплатливи доколку влезат во друштвото на најдобрите светски напаѓачи, а 26 годишниот напаѓач Кејн веќе се наоѓа во таа класа.

Прочитај повеќе

Коронавирусот се одрази и на спортот: Откажани трки во скијање, фудбалерки во карантин

Слободен печат

Само трагичната смрт на Дражен може да се спореди со оваа на Коби

Слободен печат

Профитерите заработуваат од смртта на Брајант, сликичка продадена за неверојатни 50.000 долари

Слободен печат

Тим последен полуфиналист, подобар од Надал во четири сета

Слободен печат

Ливерпул не е толку силен, Премиер лигата е слаба

Слободен печат

Мурињо и официјално си доби засилување во нападот

Слободен печат

Остави Коментар

2 × one =

Прочитај повеќе

АБА ја потврди казната за МЗТ Скопје

Слободен печат

Шекил: Сè уште не спијам, го загубивме најголемиот во историјата на Лејкерс

Слободен печат

НБА лигата во иднина без броевите 8 и 24?

Слободен печат

Навивачите на Јунајтед со чадни бомби го нападнаа домот на Вудворд (ВИДЕО)

Слободен печат

Прво грен слем полуфинале за Зверев, Халеп меѓу четирите најдобри за помалку од еден час

Слободен печат

ОФИЦИЈАЛНО идентификувано телото на Коби Брајант

Слободен печат