„Мундо Депортиво“: Кутињо е „клуч“ за трансферот на Нејмар!

„Мундо Депортиво“ најмногу мисли на парите кои ПСЖ ги бара за Нејмар, а станува збор за износ од 180 милиони евра.

Имено, Барса мора да ги собере тие пари од продажба на играчи, а Кутињо би можел да донесе барем 100 милиони евра доколку продолжи со добрите игри, убедени се во клубот.

Бразилецот од почетокот на сезоната е на позајмица во Баерн, каде досега реализираше седум голови и исто толку асистенции.

Баварциите имаат опција за откуп за 120 милиони евра на крајот од сезоната, а доколку не се одлучат за таков потег, Барселона сигурно ќе го продаде на некој друг клуб.

Потсетување, Нејмар во летото 2017. година отиде во Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, што беше најголем трансфер во историјата на фудбалот.

Се обидоа Каталонците да го вратат на „Камп Ноу“ минатото лето, но екипата од Париз бараше премногу пари. Нејмар неодамна во едно интервју сугерираш дека е несреќен во францускиот главен град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот