Мундијалска „треска“ во Скопје, на стартот против Аргентина

macedoniahandball.com.mk

Македонските ракометни надежи групната фаза ќе ја играат во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Прв противник на Македонија е селекцијата на Аргентина, натпревар кој ќе се одигра во вечерниот термин од 20:30 часот во спортскиот центар Борис Трајковски. Влезот во салата е слободен.

Фото: РФМ

Подготовките за настапот на планетарниот собир кадетите ги имаа во Струга до 17 јули, продолжија во Маврово, а последните тренинзи се одржуваа во Скопје.

Првопласираните четири селекции од секоја група ќе се пласира во осминафиналето, а нашата група се поврзува со групата Д во која се наоѓаат Исланд, Германија, Србија, Тунис, Бразил и Португалија.

Повеќе информации околу СП за кадети во Скопје можете да дознаете ТУКА

Сите мечеви во живо можете да ги гледате на следниот линк ТУКА

Распоред на денешното комплетно прво коло:

Група „Ц“ (СЦ „Борис Трајковски“):

06.08.19, 16.30 ч. Данска – Jапонија

06.08.19, 18.30 ч. Бахреин – Нигерија

06.08.19, 20.30 ч. Mакедонија – Aргентина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот