Мун: Потребна е уште една средба меѓу Трамп и Ким

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска изјави дека е потребна уште една средба помеу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пред претседателските избори во САД.

– Уште еден самит Трамп – Ким би помогнал да продолжат преговорите за севернокорејската нуклеарна програма, истакна Мун на видео средбата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

По третата неуспешна средба помеѓу Трамп и Ким на 30 јуни 2019 година, Пјонгјанг соопшти дека неуспехот се должи на „стариот американски став и однесување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот