Мултикултурен зборник: Литературно шаренило на Балканот

Мултикултурниот зборник „Литературно шаренило на Балканот“ е поетски дијалог помеѓу поети што живеат и творат во Македонија, а се припадници на различни националности. Зборникот е резултат на шестгодишниот фестивал на поезијата насловен „Балканско вече поезије“, што секоја година се одржува на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (21 февруари) во Скопје, а во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците – „Шадрван“. Главни уреднички на зборникот се Марина Мијаковска и Алмира Папиќ.

Во зборникот се застапени триесет и шест поети со по една песна на мајчин јазик и на македонски јазик од Ферид Мухиќ, Борче Панов, Ерол Туфан, Марина Мијаковска, Делвина Крлуку, Љерка Тот Наумова, Алмира Папиќ, Рабије Рашид, Ирена Јурчева, Пунторие Муча-Зиба, Славица Дабевска-Ќировска, Димо Н. Димчев, Ленче Милошевска, Лира Бојку, Оливера Доцевска, Адем Абдулаху, Стојан Арсиќ, Берзат Садики, Славчо Ковилоски, Сеида Бегановиќ, Александра Велинова, Севдија Абдулова Демирова, Авдулах Рамчиловиќ, Филип Димкоски, Дајана Демири, Даниела Андоновска-Трајковска, Лејла Шериф Емин, Ванѓа Михајлова Штерјова, Аго Хаурдиќ, Сезен Сејфула, Биљана Кукунешоска, Десанка Цамиќ, Мехмед Ариф, Каљош Челику, Џемаил Ибраим и Далибор Плечиќ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 64, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 16-17 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот