фото: РФМ

Мукаетов: Ракометарите се вистински пример како треба да се бориме за Македонија

Македонската ракометна репрезентација во својот втор натпревар од главната фаза на Светското првенство триумфираше со 39:33 над Катар.

Тоа беше втора победа за нашите најдобри ракометари на Мундијалот и сега може да се надеваат на што подобар пласман пред третиот меч против Франција.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) Живко Мукаетов по мечот во Вараждин не го криеше задоволството од играта на ракометарите и победата над Катар.

– Многу сум задоволен, се надевам и навивачите, од победата и пристапот на играчите. Честитки до момците особено од односот кон националниот дрес. Ракометарите се вистински пример како треба да се бориме за Македонија. Навистина жалиме што нема поголем број на навивачите во главната фаза на за СП, тоа е сплет на околности. Но, играчите го дадоа сиот максимум, беа фокусирани и се оддолжија за поддршката што ја добиваат. Не беше лесно,трпевме критики во изминатите години, но со Кирил Лазаров сме на вистинскиот пат – изјави Мукаетов за Македонската Телевизија (МТВ).

Македонија својот трет натпревар на Мундијалот ќе го игра на 25 јануари против Франција со почеток од 20.30 часот во Вараждин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот