Мујеци го освежи нападот на Академија Пандев (ФОТО)

фото: фејсбук/фк академија пандев

Струмичкиот прволигаш во подготовките за пролетниот дел од сезоната во Анталија ќе одигра вкупно шест пријателски натпревари.

Ндуе Мујеци е официјално претставен Академија Пандев, 26-годишниот напаѓач стави потпис на договорот и е второто засилување за тимот во овој трансфер период.

Претходно во Академија Пандев пристигна бугарскиот интернационалец, Анген Гранчов кој и игра на позицијата централен дефанзивец.

Ндуе е роден во Скадар (Албанија), а до сега во кариерата има настапувано за Влазнија, Ада, Пирин Благоевград, Дунав Русе, Сабуртало, Вентспилс.

Во средата екипата стартуваше со подготовките за пролетниот дел од првенството. Првиот дел од припремите ќе го одработи во Струмица, а на 24. јануари ќе замине за Анталија (Турција) каде до 7. февруари ќе се продолжи со вториот дел од припремите и ќе се одиграат шест контролни натпревари.

Клубот го напуштија Марко Рајковиќ, Марио Маслаќ и Давид Денковски. Освен Ангел Гранчов кој е првото засилување во составот, веќе се договорени и уште неколку нови имиња кои деновиве ќе се приклучат кон тимот и ќе бидат и промовирани.

„Пандевци“ после есенскиот дел од Првата лига се наоѓаат на третото место со 27 бодови, еден помалку зад второпласираната Шкендија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот