Мухиќ: Тешка ќе биде борбата за промена на изборниот модел

Пратеникот Ферид Мухиќ, кој е еден од потписниците на Иницијативата за промена на изборниот модел, вели дека борбата ќе биде многу тешка, но дека сепак би можело да се постигне позитивен резултат.

– Повеќе од неопходна е промената на изборниот модел, но искрено ќе кажам дека не очекуваме лесна борба, особено кога главните противници се токму најголемите и најмоќните политички партии. Едноставно, тој модел што ние го бараме не им оди во прилог на водечките политички субјекти, па тие со нивното влијание имаат можност да ни се спротивстават и целата иницијатива да ни падне во вода. Сепак, вреди да се обидеме. Досега се потпишаа 12 пратеници, но очекувам во наредните неколку дена да се зголеми таа бројка. Но, дури и да нема проширување на листата, сепак бројката од 12 пратеници е релативно сериозна бројка – објаснува Мухиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот