Мухамед Зекири позитивен на Ковид-19

Мухамед Зекири / СП. архива

Поранешниот пратеник на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка се позитивни на Ковид-19.

Оваа вест Зекири ја сподели преку објава на неговиот фејсбук-профил:

„Почитувани пријатели,
И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка резултираме позитивни на тестирањето за КОВИД 19.
За среќа јас немам никаков симптом но резултирав позитивен.
Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.
Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот