Мухамед и Оливија се најпопуларни имиња за новородените деца во Англија и Велс

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Мухамед било најпопуларното име за момчиња во Англија и Велс во 2023 година, а тоа го замени Ноа, име кое сега е на второ место, покажаа официјалните бројки објавени во четвртокот. Мухамед е во првите десет најпопуларни имиња за новородени момчиња од 2016 година, а беше на второто место во 2022 година, објави Канцеларијата за национална статистика (ONS).

Оливер го замени Џорџ како трето најпопуларно име, пренесува „Би-би-си“.

За девојчињата, трите најпопуларни имиња во 2023 година се Оливија, Амелија и Исла, исто како и претходната година.

Надлежните наведуваат дека светот на славните влијаел на популарноста на некои имиња како што се Реин и Сеинт, моделирани по семејството Кардашијан-Џенер. Често се појавуваат и имиња на популарните музичари, како она тинејџерската ѕвезда Били Ајлиш.

Имињата што ги носат членовите на кралското семејство, како Чарлс, Џорџ и Хари, стануваат сѐ помалку популарни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот