Мухамед Али на денешен ја загуби најважната битка, за сопствениот живот (ВИДЕО)

На денешен ден во 2016 година почина еден од најголемите спортисти на сите времиња, боксерот Мумахед Али.

Мухамед Али, или на почетоците од професионалната кариера Касиус Клеј, е една од најголемите спортски икони која пред четири години ја загуби најголемата и најважната битка, за сопствениот живот.

Али е роден на 17. јануари 1942 година во Луисвил како Касиус Клеј, а го смени името во Мухамед Али откако го прифати исламот во 1964 година.
Легендарниот Али за многумина е најдобриот боксер на сите времиња, а статусот на спортска легенда почна да го гради со освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Рим 1960 година.

Веднаш во Игрите во Рим, се сели во професионалци и пет години подоцна на свои 22 години, станува светски шампион откако во шестата рунда со технички нокаут го победи Сони Листон.

Прочитајте и...  Холандија во шок: Почина светска и европска шампионка во брзо лизгање

Токму освојувањето на првата титула го одбележа најконтроверзниот момент во неговата кариера и во историјата на боксот воопшто. Многумина во тоа време зборуваа дека борбата е наместена бидејќи речиси никој не веруваше дека со краток удар Али можеше да нокаутира шампион каков што беше Сони Листон.

Кога Листон падна, Али не се повлече туку трчаше околу противникот и го прозиваше. Судијата наместо да му одборојува на Листон, тој го бркаше Али и потоа само пресуди дека мечот е завршен со нокаут.

фото: Профимедиа

Неговата кариера ја одбележаа борбите со Џо Фрејзер, од кои првата е наречена „Борба на столетието“, а се одржа на 8. март 1971 година во Њујорк. Двете борби експертите ги сметаат на едни од најдобрите во историјата на боксот.

Прочитајте и...  Геј играч од Премиер лигата: Фудбалот сè уште не е подготвен за нас

Али исто така е автор на најпозниот боксерски спектакл „Трилерот во Манила“ во кој го совлада Џорџ Формен. Мухамед Али се пензионира 1981 година со скор од 57 победи во 61. меч.

По завршувањето на боксерската кариера, Али ја започна најважната битка, во 1984 година му беше дијагностицирана Паркинсонова болест. Но, не се предаваше и уште еднаш покажа каков борец е.

Иако ја загуби моќта да зборува, да се движи, сепак дури 32 години се бореше со тешката болест. Еден од најголемите спортисти на 20. век почина на 74-годишна болест во болнмица во Феникс, Аризона.

Прочитај повеќе

Меси не се откажува од титулата, нов исторски подвиг за триумф на Барселона (ВИДЕО)

Слободен печат

Шефилд му направи услуга на Јунајтед, со посед на топката од 24% му даде три „парчиња“ на Челси

Слободен печат

ФФМ: Клубовите од вторите и третата лига нема да плаќаат котизација

Слободен печат

Лацио му ја предаде титулата на Јувентус (ВИДЕО)

Слободен печат

Фудбалот се враќа дома: Англичаните имаат неверојатна генерација која може да доминира наредната деценија

Слободен печат

Поранешната репрезентативка Гивенс замина во пензија, ќе стане тренер

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ригорозни казни за прекршување на карантинот во Формула 1: Затвор или 15.000 евра

Слободен печат

Шанса за Барселона, за три дена цената на Лаутаро падна за 21 милион евра

Слободен печат

Пол позицијата за шампионот, Хамилтон најдобар на дождливите квалификации

Слободен печат

Норвич испадна од Премиер лигата

Слободен печат

Јовановски останува претседател на ОФМ

Слободен печат

Бејл си игра мајтап со Реал, зема плата од 17 милиони евра за да спие на натпревар (ВИДЕО)

Слободен печат