Мудри одговори на монахот Симеон Атонски на вечните животни прашања

симеон атонски света гора мудри совети
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

Преподобниот Силуан (Симеон) од Атос (1866-1938) оставил зад себе многу мудри мисли. Овој руски монах, кој поголемиот дел од својот живот го поминал на Света Гора, продолжува да привлекува внимание со своите многу едноставни толкувања на она што ги интересира повеќето луѓе на духовниот пат.

Која е најретката вештина? – Способност за давање.

Која е најдобрата вештина? – Способност за простување.

Која е најтешката вештина? – Способност на молчење.

Која е најважната вештина? – Способност за прашување.

Која вештина е најпотребна? – Способност за слушање.

Која е најнепријатната особина? – Суетата.

Која е најштетната навика? – Брбливоста.

Која личност е најсилна? – Онаа што е во состојба да ја разбере Вистината.

Која личност е најслаба? – Онаа која себеси се смета за силна.

Која личност е најпаметна? – Онаа што бдее над сопственото срце.

Која е најопасната зависност? – Зависност од сопственото тело.

Која личност е најсиромашна? – Онаа која најмногу сака пари.

Која личност е најблиску до Бога? – Милостивата.

Како да се спротивставиме на катастрофата? – Со радост.

Како да се спротивставиме на страдањата? – Со трпеливост.

Кој е знак на здрава душа? – Вера.

Кој е знак на болна душа? – Безнадежност.

Кој е знакот на погрешно дејство? – Незадоволство.

Кој е знакот на добри дела? – Мирен ум.

Кое човек е мртов во животот? – Рамнодушниот.

Извор: „Atma“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот