Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 170 амандмани за ребалансот на Буџетот

ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 170 амандмани на комисиската расправа за ребалансот на Буџетот изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во гостување на Сител.

-Утре ја почнуваме комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, ќе кажам дека опозицијата има поднесено околу 170 амандмани кои што се поврзани меѓу другото и предлог амандмани за повеќе средства за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, и проекти за намалување на загаденоста, информира Муцунски.

Тој рече дека продолжуваат со дијалог во Собранието и оти активно учествуваме во подобрување на ребалансот на Буџетот.

– Од страна на Владата ќе видиме колкав е капацитетот за дијалог во интерес на граѓаните, а од гледна точка на парламентарна процедура уште утре ќе видите дека тековно функционира Собранието, наведе Муцунски.

Опозицијата, како што рече, својата поддршка за предлог законот ја условува со прифаќањето односно неприфаќањето на амандманите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот