Муцунски: По 15 јули ќе дојде влада која ќе ги штити националните интереси

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски се обрати од Аеродром од каде што порача дека од 15 јули ќе дојде влада која ќе ги штити националните интереси на Република Македонија.

-Ги слушаме со денови како иднината зависела од нив една работа што воопшто не им е јасна дека иднината зависи од граѓаните а не од политичките партии, вие сте суверенитетот на оваа земја и вие ќе ја вратите оваа земја на вистински колосек од 15 јули, нагласи Муцунски

Муцунски додаде дека последните неколку денови од кампањата граѓаните треба да се потсетат што значи бројот 3 број кој што СДСМ бараат да се заокружи.

-Бараат од граѓаните да го заокружат бројот 3 и добро е сите тука што се околу нас да се потсетат што значи бројот 3 бројот три означува неправда бројот три значи за три години владеење три амнестии потсетете ги сите ваши сограѓани што означува бројот три бројот три означува да се нема образ да се зборува за правда. сега ги слушам во последната недела велат не успеавме да донесеме правда но дајте ни уште четири години можевте. Многу можевте, но од 15 јули СДСМ веќе станува тоа што и таа природно е политичка историја не политичка иднина, истакна Муцунски.

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Муцунски кажа дека последните денови од кампањата се почести се нападите од спротивниот табор и дека е видлива нервозата кај нив.

-Деновиве почнаа со доста интересна кампања каде лично не напаѓаат и бидејќи знам дека не следат и вечерва да им упатиме една порака колку и ниско да се обидете да не удрите ќе ве гледаме од се повисоко. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и тоа е Република Македонија, кажа Муцунски

Тој додаде и дека во Македонија моментално има изопачени вредности и време е тие да се променат.

-Транзициски политичари економист кој што ни ги водеше реформите во правосудството, социјален работник ни ги водеше реформите во економијата, Македонија е земја со изопачени вредности и време е тоа да го промениме а промените ќе дојдат со новиот претседател на владата професор Христијан Мицкоски. Од 15 јули ќе дојде влада која ќе ги штити националните интереси, влада која што ќе донесе економски раст,влада која што ќе се грижи за младите за пензионерите за земјоделците за сите категории граѓани. Токму тоа е она ние што го ветуваме, ветуваме раст ветуваме развој ветуваме позитивни промени. Доаѓаат подобри времиња за Македонија. Република Македонија повторно ќе биде гордост, заклучи Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот