Муцунски: Царовска тера анационални и радикални образовни реформи

Министерката за образование Мила Царовска тера анационални и радикални образовни реформи, а најдоброто нешто за македонското образование е нејзината оставка, рече пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски при  денешната посета на општина Ѓорче Петров.

Во врска со новите образовни реформи се води една политика на радикализам, радикални промени и реформи во образованието коишто се осмислени од страна на еден министер кој ниту по своето професионално, ниту по своето образовно искуство знае што му е потребно на образованието – рече Муцунски.

Тој посочи дека ако погледнеме што се случува во последните недели, родители протестираат, наставниците и универзитетските професори се загрижени, учениците се загрижени, МАНУ и универзитетската заедница излегуваат со изјави дека ова се катастрофални реформи во образованието.

– Министерката Царовска не треба да погледне подалеку туку само на она што го кажуваат дури и нејзини претходници од нејзината политичка партија во министерството за образование, најдоброто нешто кое може да му се случи на македонското образование во овој момент е оставка на министерката Царовска и тимот околу нејзе кој сака да го редефинира нашиот однос спрема нашите деца, спрема нашата нација, спрема она што сме како Македонци. Ова е една политика која е радикална, анационална која ќе доведе до дополнителен хаос – истакна пратеникот Муцунски.

Тој потсети дека Царовска создаде прво хаос во ресорот труд и социјала, како еден од вицепремиерите за економски прашања е еден од виновниците за економската состојба, а сега продолжува да го сее хаосот и во ресорот образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот