Муцунски учествуваше на министерски состанок во рамки на Берлинскиот процес

На покана на германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес.

Во своето обраќање, Муцунски се заблагодарил на министерката Бербок и на германското раководство за нивната решителност за унапредување на иднината на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија и констатираше дека денес Берлинскиот процес сега е платформа која претставува составен дел од обновената посветеност на ЕУ за политиката на проширување и го одразува стратешкиот интерес на унијата да го интегрира Западен Балкан во своето семејство.

Муцунски потенцирал дека неопходно е да го удвоиме напори со цел да ги поттикнеме реформите и да ја забрзаме постепената интеграција, а нашите граѓани да можат да ги почувствуваат придобивките од членството во Европската Унија за време на процесот на пристапување, притоа нагласи дека во таа насока треба да се искористи рамката на Берлинскиот процес за да ја покажеме посветеноста за постигнување одржлив развој и поблиски врски на Западниот Балкан со Европската Унија.

Исто така, министерот Муцунски напомена дека Република Северна Македонија даде свој придонес во севкупните достигнувања на Берлиснкиот процес, притоа издвојувајќи ги одржувањето на првиот Дигитален самит за Западен Балкан во Скопје во 2018 година и усвојувањето на Заедничкиот регионален пазар и на Зелената агенда за Западен Балкан, за време на Заедничкото претседавање на Берлинскиот процес заедно со Бугарија во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот