Муцунски се сретна со шефот на украинската дипломатија Сибиха: Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина

Фото: Фејсбук/Тимчо Муцунски

Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина, му кажал министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха, на средба што ја имале на маргините на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Министерот Муцунски истакна дека недвосмислената поддршка кон Формулата за мир, Меѓународните коалиции за основање на трибунал за злосторство, агресија против Украина и за враќање на присилно раселените деца, продолжува и понатаму, како и кон останатите иницијативи и формати за обезбедување на практична помош за Украина.

На средбата стана збор и за билатералните односи, кои соговорниците ги оценја како одлични и позитивни, а беше изразено и задоволство од одличната соработка на мултилатерален план“, се вели во официјалното соопштение на МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот