Муцунски: Популистичките статистики ништо не значат за граѓаните кои живеат сѐ посиромашно

Тимчо Муцунски градоначалник на Аеродром / Фото: ,,Слободен печат“/Драган Митрески

Во однос на номиналното зголемување на платата која статистички се случува, но, граѓаните се сведоци дека заради енормно зголемената инфлација тие номинални средства вредат се помалку, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром, одговарајќи на новинарско прашање за просечната плата од 500 евра, при посетата во Битола, потенцирајќи дека оваа просечна плата не доволна поради растот на инфлацијата и трошоците за живот кои граѓаните се повеќе ги осиромашуваат.

„Доволно е само да го споредиме растот на цените на основните продукти кои ги купуваме во маркет, растот на цената на енергенсите, очекуваниот раст на цената струјата за отприлика еден месец, сето тоа влијае врз стандардот на граѓаните кои секојдневно живеат се посиромашно и посиромашно“, истакна Муцунски.

Тој посочи дека не е доволно вие да имате номинални зголемувања на просечната плата, а истовремено тоа да не е доволно за стандардот на граѓаните и да немате зголемување на продуктивноста и на економијата.

„Во таа смисла тоа се популистички изјави кои се даваат, но фактички за граѓаните ништо не значат, бидејќи тие ден за ден се се посиромашни.МТреба економска агенда која ќе нуди продуктивност и развој и привлекување на странски директни инвестиции, тоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ знаеме да го направиме“, нагласи Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот