Муцунски од утре во посета на Брисел

Тимчо Муцунски/ Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од утре до 4 декември, ќе престојува во работна посета на Брисел на средби со европратеници и ќе учествува на редовниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО.

Како што соопштија од Министерството, во рамки на посетата, предвидено е Муцунски да се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент, како и да оствари средби со известителот за Северна Македонија, Томас Ваиц, известувачите во сенка за земјава, Матеј Тонин (Словенија, ЕПП) и Тајс Ројтен (Холандија, СиД).

Во фокусот на разговорите, се посочува, ќе биде потребата од забрзување на евроинтегративниот процес на државата, со акцент на спроведувањето на реформите, како и нашата посветеност на исполнување на критериумите за членство.

Воедно, Муцунски ќе земе учество на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што ќе се одржи во седиштето на Алијансата во Брисел, на 3 и 4 декември 2024-та година.

Согласно агенда, на состанокот е предвидено министрите да се осврнат по повеќе важни прашања поврзани со актуелните безбедносни предизвици, со фокус на јужното соседство на Алијансата, за актуелните состојби во Украина и безбедносни предизвици за Европскиот континент, како резултат на руската воена агресија во Украина кои имаат големи импликации за Евроатлантската безбедност, како и за статусот на имплементација на одлуките донесени на самитот на НАТО во Вашингтон, а во функција на подготовките за самитот што ќе се одржи следната година во Хаг, Кралството Холандија.

На маргините на министерскиот состанок, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе билатерални средби со своите колеги министри, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот